За нас

UHost е македонски провајдер за веб хостинг, домени, Cloud решенија, дедицирани сервери и апликативен веб развој со мисија да обезбедиме стабилни, безбедни и достапни услуги што го движат вашиот успех.

  • 20+години искуство
    во индустријата
  • 99.9%гарантирана
    достапност
  • 3000+задоволни
    клиенти
  • 24/7стручна техничка
    поддршка

Нашата приказна

Од 2006 година – тука сме за вас

UHost функционира од 2006 година како веб хостинг провајдер и партнер за компании, организации и поединци кои градат и развиваат онлајн проекти.

Нашата работа не започнува и не завршува со хостирањето. Од регистрација на домен, избор и поставување на серверска инфраструктура и веб хостинг, до изработка на веб-сајтови и веб апликации, па сè до нивно одржување – се грижиме за целиот проект на едно место.

Веруваме дека стабилната услуга не значи само да реагираме кога ќе се појави проблем. Следиме, размислуваме однапред и превенираме. Проактивно ја следиме инфраструктурата и работата на системите за навреме да ги препознаеме и спречиме потенцијалните проблеми.

Со текот на годините изградивме долгорочни односи со клиенти кои ни ја доверуваат својата веб инфраструктура, веб-сајтови, апликации и сервери. За нас, тоа е повеќе од техничка услуга. Сакаме да го разбереме вашиот проект и да бидеме партнер на кој можете да се потпрете – од првата идеја, до секојдневното функционирање и развој.

  1. Основана компанијата UHost за веб развој, хостинг услуги и регистрација на домени.

  2. Дедицираните сервери стануваат дел од нашата понуда на услуги.

  3. Проширување на инфраструктурата и воведување на виртуелни сервери (VPS).

  4. Лансирање на Cloud VPS платформа и проширување на портфолиото на услуги.

  5. Денес

    3000+ клиенти и континуиран фокус на иновации, безбедност и стабилност.

Нашите вредности

Доверба

Градиме односи засновани на транспарентност и исполнети ветувања.

Безбедност

Ги заштитуваме вашите податоци со современи стандарди и континуирани подобрувања.

Перформанси

Обезбедуваме брзи, стабилни и скалабилни решенија за секој бизнис.

Поддршка

Ние сме тука 24/7, секогаш подготвени да помогнеме.

Што нудиме

Стандарди на кои се потпираме

INTERCERT Certified — ISO 9001 QMS

ISO 9001:2015

Систем за управување со квалитет

INTERCERT Certified — ISO 20000-1 ITSMS

ISO/IEC 20000-1:2018

Систем за управување со ИТ услуги

SSL / TLS

Заштитени конекции и податоци

DDoS заштита

Напредна мрежна заштита 24/7

CloudLinux — Authorized Partner

CloudLinux

Изолирани ресурси за стабилност и сигурност

Imunify360 — Authorized Partner

Imunify360

Заштита од malware и напади

Подготвени да го развиете вашиот проект со сигурен партнер?

Поврзете се со нас и дознајте како можеме да ви помогнеме.

Ни веруваат повеќе од 3000 клиенти